Во првата половина на март годинава ќе стартуваат првите обуки за енергетски контролори, кои ќе бидат задолжени да ги сертифицираат објектите според мерките за енергетска ефикасност и да им дадат енергетски пасош. Како што информираат од Агенцијата за енергетика на Република Македонија по објавениот Јавен повик за избор на правни лица за спроведување на обуки за енергетски контролори извршена е оценка на пристигнатите понуди од правните лица, при што веќе е направен и изборот. Според Законот за енергетика и Правилникот за енергетски контроли, избраните правни лица за спроведување на обуките се должни во рок од 60 дена од формалниот избор, да организираат обуки на пријавените кандидати за енергетски контролори.
Во првата половина на март годинава ќе стартуваат првите обуки за енергетски контролори, кои ќе бидат задолжени да ги сертифицираат објектите според мерките за енергетска ефикасност и да им дадат енергетски пасош.
Како што информираат од Агенцијата за енергетика на Република Македонија по објавениот Јавен повик за избор на правни лица за спроведување на обуки за енергетски контролори извршена е оценка на пристигнатите понуди од правните лица, при што веќе е направен и изборот.
Според Законот за енергетика и Правилникот за енергетски контроли, избраните правни лица за спроведување на обуките се должни во рок од 60 дена од формалниот избор, да организираат обуки на пријавените кандидати за енергетски контролори.
- Интересот, според првичните сознанија на правните лица-обучувачи, е на задоволително ниво, што значи дека многу брзо по спроведување на обуката и полагањето, Република Македонија ќе ги добие првите овластени енергетски контролори кои заедно со лиценцираните правни лица за вршење на енергетска контрола, ќе одговорат на бројните предизвици од се поголемиот интерес за воведување на мерки за енергетска ефикасност, сертифицирање на објекти и изработка на енергетски елаборати - велат од Агенцијата.
Како што дознаваме Машинскиот факултет од Скопје и Техничкиот факултет од Битола ќе бидат задолжени да ги спроведуваат обуките за полагање на испити за енергетски контролори. Јавниот повик за избор на правни лица за спроведување на обуки Агенцијата го објави лани на 6 декември.
Контролорите ќе бидат добро обучени да ја утврдат енергетска класа на објектите. Ова нова професија ќе овозможи работа дополнително за уште 300 лица, а предвидено е енергетски пасоши ќе добијат сите државни институции во земјава кои истовремено се и големи потрошувачи на енергенси. Според податоците тие годишно трошат повеќе од 42 милиони евра.
Како што објасни неколкупати досега министерот за економија Ваљон Сараќини со издавањето на енергетските пасоши и примената на советите на контролорите овие давачки на годишно ниво предвидено е да се намалат за 13 милиони евра.
Вкупно државната администрација поседува 2.500 објекти за кои ќе треба да плати по 30 за општ, односно по 50 денари од квадрат за детален преглед. Граѓаните исто така можат да направат контрола на енергетската ефикасност на нивните домови коишто веќе се изградени.
Македонија е енергетски зависна од увоз и токму затоа е неопходно да се примени енергетската ефикасност кај објектите, а тоа ќе овозможи заштеди од секаков вид на енергија. Според годишниот Енергетски биланс на Македонија вкупната енергија за земјава како струјата, гасот, нафтата, лигнитот годинава ќе се обезбедат со околу 57,5% од домашни извори и 42,5% од увоз. Што се однесува на производството на електрична енергија тоа се очекува да биде на ниво 6.980 гигават-часови и ќе биде поголемо за 17,3% во однос на лани.
Предвидено е годинава термоцентралите да произведат околу 4.578 гигават-часови електрична енергија или 65% од вкупното производство во државата. Сараќини потсетува дека околу 80% од електрична енергија лани е обезбедена од домашното производство, а до 2018 година просечното годишно производство на електрична енергија ќе расте со 4,9% пред се заради поради очекуваното производство на електрична енергија од малите хидроелектрични централи. Планираното производство од ветер е околу 100 гигават-часови.